ФОТО | „Има 50.000 луѓе на стадионот, но камерата се фокусира на мене“: Мис ЕУРО се врати на првенството за дупла круна

Марта Барцок е добро позната низ целиот фудбалски свет и доследно на нејзината најголема љубов – фудбалот, таа повторно се појави на трибините за да ја бодри репрезентацијата на Полска

Полската репрезентација претпладнево го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Словачка, а повеќе од сигурно е дека ниту на претстојните натпревари нема да има недостаток на поддршка бидејќи популарната Марта Барцок претпладнево беше забележана на стадионот во Санкт Петербург.

Вечерва Полјаците немаа многу среќа со оглед на тоа што постигнаа автогол и изгубија од Словачка, ама ништо не е завршено, односно полската репрезентација допрва треба да ги одигра натпреварите со остананите репрезентации во групата, Шведска и Шпанија.

ВИДЕО: Шкринијар и донесе победа на Словачка против Полска

Инаку, Марта Барцок е име познато низ целиот фудбалски и навивачки свет затоа што беше прогласена за Мис на последното Европско првенство во 2016 година, кога навиваше за својата земја во Франција, каде Полска беше елиминирана во четвртфиналето од Португалија.

Набргу потоа, младата убавица се најде во центарот на вниманието во Русија, каде разговараше со тимот на Телеграф за популарноста што ја стекна откако и беше доделена титулата.

– И тука во Русија, камерата постојано ме следи. Каде и да се појавам, сите сакаат да бидат фотографирани со мене. Не ми пречи таа популарност и навистина ми се допаѓа. Јас сум навистина благодарна со оглед на тоа што има 50.000 луѓе на стадионот, а камерата се фокусира на мене – рече своевремено Марта.

Таа има речиси 500 илјади следбеници на нејзниот инстаграм-профил, каде неретко објавува фотографии од секојдневниот живот. Сигурно е дека и оваа година Марта повторно ќе биде во центарот на вниманието, со оглед на тоа што собра илјадници лајкови на фотографиите од  стадионот во Санкт Петербург на својот инстаграм-профил.

Погледнете ги фотките:

Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial
Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial
Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial
Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial
Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial
Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial
Фото: Принскрин / Инстаграм / @martabarczokofficial

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот