ФОТО | Им нема спас: Бен Афлек и Џенифер Лопез „уловени“ во заедничката вила, нивните мрачни лица кажуваат сѐ

Бен Афлек и Џенифер Лопез / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Славната двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез, откако поминаа неколку часа заедно во својата вила вредна 60 милиони долари, за која во медиумите постојано се пишуваше во последните денови, продолжија со дружењето во куќата на Афлек во Брентвуд, која ја изнајмува со месеци. Но, тие не беа сами, пренесува „Пејџ Сикс“.

Таму била и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер. Повеќе детали не се познати, но според пишувањата на медиумите, Лопез повеќе не може да го спасува бракот со актерот.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Џени навистина се трудеше, но повеќе не може да издржи, не се подобрува, туку се влошува“, рекол извор за пејачката и актерката, која неодамна ја откажа турнејата за да се фокусира на семејството.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Лопез го поминува времето со своите деца кои ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони, но и со децата на Афлек кои актерот ги има со Гарнер. Ѕвездата се надева дека ќе се врати на работа на турнејата „This is Me… Live“.

„Таа е возбудена што ќе оди на турнеја следната година кога нејзиниот личен живот ќе биде посреден…“, додал изворот.

Џеј Ло со бизарни правила за вработените: „Не им дозволува да ја гледаат во очи и се однесува како разгалена дива“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот