ФОТО: Илјадници ултраортодоксни Евреи на погреб на рабин и покрај забраната на масовни собири во Израел

epaselect epa08977097 Ultra Orthodox Jews gather around the body of Head of the Brisk Yeshiva, Rabbi Meshulam Dovid Soloveitchik, that passed away aged 99 after months of fighting COVID-19, in Jerusalem, Israel, 31 January 2021. According to media reports, thousands took part at the funeral despite Police restrictions. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Илјадници ултраортодоксни Евреи присуствуваа на погребот на истакнат рабин во Ерусалим денес, прекршувајќи ја регулативата за забрана за големи собири поради пандемијата коронавирус.

Погребната поворка започна од куќата на рабинот Мешулам Соловејчик, кој почина на 100-годишна возраст, и се пресели низ улиците на Ерусалим, објави Тајмс оф Израел.

Тоа беше последниот показател за одбивањето на ултраортодоксните Евреи да ги почитуваат мерките воведени како резултат на ширењето на инфекцијата со коронавирус.

Ваквото однесување ја поткопува масовната кампања за вакцинирање во Израел, чија цел е ставање под контрола на инфекцијата и се заканува да му наштети на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на парламентарните избори во март.

Погреб на рабин Ерусалим
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Во Израел е во сила забраната за собирање над 10 лица на отворено.

И покрај тоа, илјадници ултраортодоксни Евреи во црна облека поминаа низ главниот градски влез во правец на гробиштата.

Нов кластер меѓу ултраортодоксните Евреи, властите немоќни да го спречат масовното собирање: Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Полициските службеници го запреа сообраќајот на крстосниците за да можат да поминат oжалостените, но тие не сторија ништо за да го спречат нелегалниот митинг.

Израелските медиуми објавија дека починатиот рабин, кој раководел со повеќе познати верски училишта, боледувал од „ковида-19“.

Министерството за здравство на Израел забележа над 640.000 случаи на инфекција со новиот вирус од почетокот на пандемијата, а најмалку 4.745 лица починаа како резултат на „ковид-19“.

Во исто време, Израел вакцинираше повеќе од три милиони свои граѓани против коронавирусот.

Експертите велат дека се потребни неколку недели кампањата за вакцинација да има ефект врз инфекцијата и бројот на хоспитализирани.

Ковидот се шири често меѓу заедницата на ултраортодоксните Евреи во Израел кои не ги почитуваат рестриктивните мерки/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Сепак, големите погреби, како што е денешниот погреб на рабин во Ерусалим и истакнатиот арапски шеик убиен во Јафа минатата недела, ги поткопуваат напорите да се спречи ширењето на болеста.

Израел има највисока стапка на инфекција меѓу ултраортодоксните Евреи, кои сочинуваат околу 11 проценти од 9,3 милиони жители на Израел. Тие чинат една третина од потврдените случаи на инфекција.

Многу ултраортодоксни секти не ги затвораат училишта, семинарите и синагогите и масовно одат на погреби и свадби.

Судирите меѓу ултраортодоксните Евреи кои не ги почитуваат правилата и полициските службеници во обид да ги наметнат станаа почести во последните неколку недели.

Ултраортодоксните водачи велат дека не е фер тие да се истакнуваат, тврдејќи дека секуларната јавност не ја разбира важноста на јавната молитва и верското учење во нивната заедница.

Израелската влада се очекува да ги продолжи третите ограничувања што се во сила во целата земја вечерва, бидејќи бројот на заразени за еден ден е сè уште многу голем.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот