ФОТО: Играниот филм „Дедо и Внук“ со нови три награди

Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови.

– Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење, потенцираат од 4-th Dimension Independent Film Festival.

Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално започна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. По втор пат, наградата за најдобар Директор на фотографија – Кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за кинематографија.

Кадар од филмот „Дедо и внук“

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред  10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Зад продукцијата на филмот стои „Pandora’s Box“, продукција од Охрид во соработка со „Dream Factory“ од Скопје и „Alien Film“ од Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот