ФОТО: Играчот на Арсенал Обамејанг хоспитализиран поради маларија!

Пјер-Емерик Обамејанг е новиот напаѓач на Барселона/Фото: EPA-EFE/Andrew Couldridge

Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг е хоспитализиран во Лондон откако беше утврдено дека тој заболел од маларија за време на престојот во Габон, каде имал репрезентативни обврски.

33-годишниот напаѓач одигра два натпревари за националниот тим на крајот на март на квалификацискиот турнир за Африканскиот куп на нации (ДР Конго 3:0, Ангола 0:2).

Искусен фудбалер се јави од болницата, во продолжение неговата објава на социјалните мрежи:

– Ви благодарам за сите пораки и повици. За жал, се разболев од маларија додека бев со националниот тим во Габон пред неколку недели. Поминав неколку дена во болница и веќе се чувствувам многу подобро благодарение на одличните лекари кои брзо го детектираа вирусот и ме лекуваа. Ќе се вратам посилен од кога било досега – напиша рече Обамејанг и ги поддржа своите соиграчи од Арсенал за реваншот четвртфиналниот дуел во Прага во Славија во рамките од Лига Европа

Габонецот оваа сезона одигра 25 натпревари во Премиер лигата и постигна девет погодоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aubameyang Pierre-Emerick (@auba)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот