ФОТО | Игор Џамбазов го слави 1 Мај: Работниците на шопинг во Дубаи

Игор Џамбазов / Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Македонскиот актер, пејач и водител Игор Џамбазов неретко ги критикува општествените случувања. Се разбира, на негов начин и со доза хумор.

Денеска е Меѓународниот ден на трудот, а Џамбазов сподели како, според него, изгледа првомајската прослава од соништата.

„Работниците на шопинг во Дубаи, директорите на штрак пред Владата“, објави актерот на својот инстаграм-профил.

„Дај Боже“, „Сѐ е изместено во Македонија, ни 1 Мај не е тоа што беше“, „Е, така ќе личи работата“, се дел од коментарите под објавата на Џамбазов.

Секој работник заслужува подобри работни услови и квалитетен одмор, зар не?

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот