ФОТО: Игор Џамбазов по 46 години повторно се сретна со Дорчо од „Волшебното самарче“

Instagram
Instagram

Кога телевизиска серија „Волшебното самарче” се емитувала на малите екрани сите нејзини верни гледачи денешниот познат актер и шоумен Игор Џамбазов го познавале како малиот Трајче.

Трајче во серијата е неразделен од неговиот коњ Дорчо со кој секојдневно оди во шумата и собира дрва, кои ги продава, за да се прехрани себеси и да и помогне на својата мајка.

Во серијата глумат и неговата мајка актерката Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.

Подоцна во серијата Трајче и Дорчо стануваат главните тајни курири кои носат писма и пратки со кои им помагаат на партизаните.

Instagram
Instagram

По 46 години Игор повторно се сретнува со еден Дорчо“, кој исто така носи нешто, а по тој повод актерот се присети на неговата прва голема улога и напиша:

Instagram
Instagram

„После 46 години повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ со сериозна работа… а, ние уметниците си останавме уметници”.

Instagram
Instagram

Оваа средба Илина Арсова ја објави на својот инстаграм – профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот