ФОТО I Велосипедската патека на „Партизанска“ како скокалница

Обилните врнежи од снег викендот во Скопје создадоа доста проблеми за граѓаните во движењето низ улиците, на пешачките зони и по велосипедските патеки.

Дел од граѓаните излегоа пред своите домови да расчистат, првиот работен ден од недела донесе и зголемена мобилност на екипи на службите под општинска капа или на комуналното претпријатие во главниот град, но дел од луѓето, особено оние кои го одбираат велосипедот како превозно средство и во вакви временски услови, наидоа на проблем.

 

Велосипедската патека на булеварот „Партизанска“, на потегот од ТЦ „Буњаковец“ до преминот кај Универзална сала спроти Градежен факултет, е претворена во „скокалница“ за велосипедистите.

Снегот што е расчистен од пред објектите е собран на купчиња долж патеката, што може да се воочи и низ фотографиите на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот