ФОТО I Сеќавање на жртвите: Албанија одбележува една година од катастрофалниот земјотрес во Драч

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

На денешен ден, пред една година, Албанија ја потресе најсилниот земјотрес во последните неколку децении.

„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ВО АЛБАНИЈА: Сцени од кои ќе ви се насолзат очите (ФОТО+ВИДЕО)

Беше 3:56 часот, кога силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кој траеше околу 50 секунди, ги погоди Драч и Тирана, одземајќи животи на 51 лице, а повредени беа повеќе од 1.000.

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Последиците од овој катастрофален земјотрес беа уште поголеми, директно погоди 202.000 лица, чии домови беа уништени, а направената материјална штета беше проценета на над 1,2 милијарди евра.

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Срамнети со земја беа станбени згради, куќи, хотели, училишта, други објекти, луѓе кои бараат помош, амбулантни возила, автомобили на полицијата и армија и спасувачки екипи од соседните земји, меѓу нив и Северна Македонија, беше сликата од ланската трагедија на 26 ноември.

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Првите часови беа хаотични, бидејќи многу луѓе под урнатините беа на раб меѓу животот и смртта, додека други, исто така, мораа да се справат со паниката предизвикана од последователните потреси.

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Солидарноста не изостана и почна да пристигнува од соседните земји, потоа од Италија, од Грција, од Турција, од Франција и многу други земји од каде пристигнаа голем број на екипи за пребарување и спасување кои со денови трагаа по преживеани под урнатините.

Фото: EPA-EFE/ERMAL META

По една година, раните сè уште се лекуваат. Драч и Тирана беа две од најголемите општини кои имаа сериозни последици, но не помалку штета имаше и во општините Шијак, Круја, Камза, Каваја, Курбин, Лежа, Рогожина.

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Денеска, година по катастрофата, премиерот Еди Рама упати порака до албанските граѓани.

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

– Незаборавно сеќавање на жртвите од трагедијата од пред една година.Тоа беа најтешките денови и ноќи во мојот живот. Најлошото е зад нас, а најдоброто е пред нас како едно семејство. Пополека семејствата се враќаат во новоизградените домови. Трпение, сè ќе надминеме заедно, вели Рама.

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Тој додава дека се покажало колку многу пријатели има Албанија уште во првите мигови, но и подоцна кога на меѓународната донаторска конфренција во февруари во Брисел беа собрани повеќе од милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот