ФОТО I Протести во Брисел по смртта на младиот Ибрахим: Белгиската полиција уапси 116 демонстранти меѓу кои 30 малолетници

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгиската полиција уапси 116 лица во Брисел по протестот поради смртта на момче со африканско потекло кое почина во притвор по насилното апсење.

Официјални полициски претставници соопштија дека во центарот на Брисел дошло до насилство по вчерашните мирни протести на околу 500 демонстранти од кои дел носеа транспаренти и натписи „Црните животи се важни“.

Според полициски извори, меѓу 50 и 100 демонтранти останале на улица и предизвикале инциденти и судири со полицијата во кои се повредени и неколку полициски службеници. Во соопшението што го лиферува полицијата се наведува дека демонтрантите палеле оган, фрлале предмети кон полицајците, оштетиле неколку полициски возила и скршиле врата и прозорец на полициска станица.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Меѓу 116-те уапсени има 30 малолетници, а еден од нив е згрижен со возило на итната медицинска помош.

– Правдата мора да ги изведе пред суд оние кои нападнаа и повредија пет полицајци меѓу кои има и жена која е хоспитализирана, изјави шефот на сојузната полиција, Марк де Месмакер за телевизијата РТБФ.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Тој додаде дека треба да се постапува внимателно во случајот, но и во врска со 23 годишното момче кој е идентификуван од властите како И.Б. Белгиското Обвинителство побара да се именува истражен судија за смртта на момчето кое, според Обвинителството, било уапсено на 9 јануари, откако наводно се обидел на побегне на полицијата која легитимирала насобрани лица во центарот на градот и покрај ограничиувањата против ковид-19.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Откако го обезбедиле, тој бил однесен во полициска станица каде загубил свест по што бил транспортиран во болница каде лекарите констатирале смрт.

 

ВИДЕО+ФОТО I Хаос во Брисел: Насилни протести по смртта на млад човек со африканско потекло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот