ФОТО: И македонски репрезентативец ќе добие подарок пиво од Меси!

epa08782034 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Сите голмани кои примиле гол од Лионел Меси, како играч на Барселона, како подарок ќе добијат по едно пиво од компанијата „Бадвајзер“.

Од претходно е веќе објавено за овој јубилеј, односно на натпреварот против Ваљадолид (3:0), Аргентинецот го надмина рекордот на Пеле по бројот на голови за еден клуб.

Тој со погодокот против Ваљадолид стигна до 644 голови за Барса, а бразилската легенда за Сантош запиша 643.

Пиво ќе добие и голманот на Рајо Ваљекано, македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски кој лани прими гол од Меси во поразот од 3:1 на „Камп Ноу“.

Голот на Меси против Рајо Ваљекано и Димитриевски можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот