ФОТО I Едвај чекаа да се олабават ковид мерките: Италијанците ги окупираа рестораните и кафулињата

Фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Италија тргна во олабавување на рестрикциите за заштита од коронавирусот, па вчера, во најголем дел од земјата, се отворија кафулињата. По строгите мерки за време на празничниот период (Божик и Нова година), две третини од Италијанците ги задоволува критериумите за т.н. „жолта зона“ во која е дозволено, во помалку загрозените подрачја, повторно служење на маси и шанкови.

02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

– Мртво се чувствувавме без кафулињата. Убаво е да се дојде овде и да се поразговара со луѓето зад шанкот. Нè прават живи секое утро пред да заминеме на работа, вели Тицијана Балдо, римјанка која беше послужена со филџан кафе во центарот на италијанската престолнина.

02 февруари 2021 /  Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Додека голем дел од Европа е под строг „локдаун“, кафулињата и рестораните во делови на Италија повторно почнаа да служат гости по маси и шанкови од шест часот попладне. Потоа им е дозволено да служат само „пијалок за надвор“ и така до 22 часот навечер, кога почнува т.н. „полициски час“ што трае до 5 часот наутро.

Отворени и туристичките атракции

Покрај рестораните и кафулињата, отворени се и туристичките атракции како Колосеумот, објект што беше два месеца под клуч. Отворени за посетители се, исто така, и музеите во Ватикан.

02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

– Пресреќен сум. За првпат се случува нешто позитивно по појавата на ковид-19. Ја видов Сикстинската капела, сега Колосеумот. Фантастично е, рече Беноа Дупле, турист од Белгија.

Туризмот е една од најважните гранки на економијата на Рим.

02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI 
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Tino Romano
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER
02 февруари 2021 / Фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот