ФОТО | Хулахопките на Лепа Брена го освојуваат американскиот пазар: Карди Би го потврди нивниот квалитет
Откако Лепа Брена и Саша Поповиќ во 2019 година ја продадоа „Гранд-продукција“ за 30 милиони евра, пејачката одлучи да почне свој бизнис. Поранешната ѕвезда на Југославија одлучи да вложи пари во новата работа, а се „шушка“ за сума од 300.000 евра. Иако долго го најавуваше овој проект и не сакаше да каже за што точно се работи, медиумите сепак дојдоа до детали дека е во прашање бизнис со женски чорапи.
View this post on Instagram
Нејзините чорапи веќе го освојуваат светот, а притоа се започнати преговори за дистрибуција и во преку океанските земји.
View this post on Instagram
Извор близок до пејачката открил детали за српките медиуми дека Лепа Брена добила понуда од американска компанија, која исто така произведува и продава чорапи, да го дистрибуира својот бренд во САД.
View this post on Instagram
Се разбира, тие нудат огромни пари за тоа. Наводно, за првиот договор кој би важел една сезона (есен и зима) се подготвени да платат половина милион долари.
„Брена работи со полна пареа. Нејзе и се допаѓа бизнисот со чорапи, а понуди пристигнуваат од сите страни. Таа привлече одлични партнери. Сега и се отвора патот до американскиот пазар, каде што, инаку, со години има куќа. Пејачката никогаш не била толку продуктивна како сега, а овој деловен проект само дополнително ја мотивираше. Вклучено е целото семејство, а во преговорите со други фирми ќе и помага сопругот Боба Живојиновиќ“ – вели изворот.
View this post on Instagram
Според него, особено ја воодушевила сумата што ја добила за нејзиниот бренд, која е само на почеток:
„Сите знаеме дека е штедлива и се грижи за секој динар. Сумата што ја добила како понуда за соработка е феноменална и повеќе од очекувана. Мислам дека нема да се двоумат и дека наскоро ќе биде потпишан договор за соработка и дистрибуција. Таа има големи планови, сака да изгради фабрика, па сега Брена се концентрира на нашиот и на американскиот пазар и верувам дека тоа ќе заврши на обострано задоволство“ – изјавила блиската пријателка на Брена која е добро упатена во семејните и деловните односи.
View this post on Instagram
Интересно е и тоа што светски познатата пејачка Карди Б на својот инстаграм – профил сподели фотографија на која позира со чорапи од поп – дивата.