ФОТО | Хрватската дива Тереза Кесовија на ручек кај францускиот претседател Макрон

Тереза Кесовија
Тереза Кесовија/Photo/Instagram

Познатата пејачка Тереза Кесовија е една од стотината поканети на официјален ручек со францускиот претседател Макрон, а за тоа има и навистина важна причина.

Тереза Кесовија не е само пејачка дива позната во Хрватска и регионот, туку и во Франција. Таа беше и остана легенда која има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.

Кесовија живееше во Франција во 60-тите и 70-тите години на изминатиот век и изгради богата музичка кариера. Вивнувањето во француското музичко небо почна во 1965 година, кога Тереза ја отпеа La Chanson de Lara, од филмот Доктор Живаго, пишува „Index.rh“
Додека живееше и работеше во Франција, Тереза Кесовија соработуваше со многу познати ѕвезди, како што се Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.

Таа изјави за медиумите дека на почетокот не го знаела јазикот добро и брзо учела да се вклопи во средината.

„Во почетокот на јануари, 1965 првпат дојдов во Париз и го запознав Де Гол, а по него беше Помпиду, а потоа Ширак, Бомарш… Мислам колку време бев таму, Франсоа Митеран имаше два мандати. Искрено, сакам претседателот Макрон да доживее уште еден мандат, тој е многу симпатично лице кое Французите го сакаат и тоа е навистина за почит, тоа ќе му го кажам и лично“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот