ФОТО | Хрватка ги полуде шеиците во Катар, нивните реакции го обиколија светот

Фото: Инстаграм

Хрватската инфлуенсерка и модел Ивана Кнол (30) деновиве е во центарот на вниманието во Катар, каде го следи Светското првенство во фудбал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)


Сега на социјалните мрежи се проширија фотографиите на Ивана и нејзините „скриени“ обожаватели кои ја насмеаја јавноста.

На фотографиите се гледа како Кнол се симнува по скалите, а сите погледи се вперени во неа. Најмногу внимание привлекле шеиците кои вешто ја фотографирале ѕвездата на шампионатот со своите мобилни телефони. Фотографијата објавена на Фејсбук беше преплавена со коментари на оние на кои реакцијата на мажите на трибините им беше урнебесна.

„Одам да ’гледам фудбал’, ѝ вели на сопругата“, напишал еден следбеник.

„Ова му е последна фотографија пред разводот“, додал друг.

Ивана на социјалните мрежи се пофали дека луѓето ја запираат на улица за да се сликаат со неа, а секој ден бројот на обожаватели расте. Нејзината популарност порасна и на социјалните мрежи, па на Инстаграм во моментот ја следат милион луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот