ФОТО | Холивудскиот крем се гостеше на вечерата на Бајден за Макрон

Фото: Профимедиа/ Инстаграм

Американскиот претседател Џо Бајден (80), во четвртокот, 1 декември, на црвениот тепих во Белата куќа, пречека бројни ѕвезди, законодавци, индустриски „титани“, сите кои имаа покана да присуствуваат на гламурозна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон (44), пишува Ројтерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tirananews.al (@tirananews)


Вечерата во Белата куќа беше крунски момент на општествените настани и начинот на Бајден да покаже колку го почитува најстариот сојузник на Америка, дури и кога тие се судираат околу проблемите предизвикани од војната во Украина, субвенциите за производите од САД, но и за други прашања.

Ана Винтур/Фото: Профимедиа

Списокот на гости поканети на вечерата кај Бајден беше доста интересен. На листата се најдоа актерката Џенифер Гарнер и ќерката Вајолет, која ја доби со Бен Афлек, пејачот Џон Леџенд и сопругата Криси Тајген, уредничката на модниот магазин „Вог“ Ана Винтур, режисерот Баз Лурман и ѕвездата на серијата „Сајнфелд“ Џулија Луис-Драјфус.

Џенифер Гарнер со ќерката Вајолет/Фото: Профимедиа

Освен познати личности, на вечерата присуствуваа и членови на кабинетот на Бајден и, како што веќе споменавме, законодавци, индустриски магнати и секако првите дами Џил Бајден (71) и Брижит Макрон (69).

Џон Леџенд и Криси Тајген/Фото: Профимедиа

Пред вечерата, Бајден и неговата сопруга беа со францускиот претседател и првата дама на дипломатски средби. Но, ниту денот полн со обврски не ги спречи да блеснат на гламурозниот настан во Белата куќа.

Брижит Макрон и Џил Бајден/Фото: Профимедиа

И двајцата претседатели носеа свечени костуми, додека Џил Бајден блесна во фустан од познатиот бренд Оскар де ла Рента, а Брижит во креација на „Луј Витон“.

Макрон во Вашингтон ќе се обиде да го убеди Бајден околу економските тактики на САД

Макрон во Вашингтон ќе се обиде да го убеди Бајден околу економските тактики на САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот