ФОТО | Холивуд го бодреше Новак: Шерон Стоун и Џон Траволта ја гледаа историската победа на Ѓоковиќ на Олимписките игри
Напнатиот финален натпревар помеѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз на Олимписките игри во Париз го следеше и актерката Шерон Стоун (66). Актерката, во еден момент седеше до француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера. Стоун на трибините се појави во крем-костум со цветен дезен, а од фотографиите се забележа дека тенискиот меч го гледала боса.
На историската победа на Новак Ѓоковиќ сведочеа и поранешната тенисерка Серена Вилијамс и актерот Џон Траволта, кој беше во друштво на ќерката Ела Блу Траволта.
Секако, Ѓоковиќ беше придружуван од сопругата Јелена Ѓоковиќ и нивните деца, ќерката Тара и синот Стефан.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри во Париз. Тој веднаш по победата истрча на трибините кај сопругата Јелена и ќерката, кои ги прегрна.
По натпреварот го зеде знамето на Србија и се расплака. Ѓоковиќ многу емотивно го доживеа освојувањето на медалот, а по славењето изјави:
„Веднаш отидов да ги гушнам сите, пресреќен сум што ѝ донесов злато на Србија“, ова е можеби мојот најголем спортски успех во животот.“
По натпреварот тој се огласи и на Инстаграм, каде што заедно со фотографија со златниот медал околу вратот порача: „Србијо, успеавме! Ве сакам, Ноле“. Неговата објава за еден час собра над милион лајкови, а меѓу првите му коментираа светски познатите кошаркари Леброн Џејмс и Лука Дончиќ. Џејмс му напиша „честито, брат“, а Дончиќ со емотикони на коза порача дека Ѓоковиќ е „ГОАТ“, односно најголемиот досега.
Ѓоковиќ го освои златниот медал во Париз: Олимписки шампион за круна на блескавата кариера