ФОТО | Хит на социјалните мрежи: Некој од Град Скопје одлучил да го фотошопира Берни Сандерс на скопските клупи

Носејќи ракавици направени од рециклирани материјали и зимска јакна, американскиот сенатор Берни Сандерс со „обична облека“ се појави на инаугурацијата на 46. претседател на САД, Џо Бајден, создавајќи вибрации – што само тој може да ги генерира, пренесе АП за виралната фотографија.

Многу луѓе брзо го овековечија изразот на лицето, но пред се, ракавиците на 79-годишниот независен сенатор во Вермонт, шегувајќи се со т.н. мемиња од тој конкретен момент од инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис во средата. За своите ракавици, кои потикнаа најмногу шеги кои, тој рече дека повеќе служат за да се загрее, отколку да бидат модерни.

Се започна откако оваа фотографија вирално се споделуваше на твитер со наслов „овој (состанок) можеше да биде е-маил“, а потоа корисниците на социјалните мрежи почнаа да го фотошопираат Берни на различни локации.

Фото: SMIALOWSKI / AFP / Profimedia

Со суптилен „фотобомбинг“ и официјалните профили на Град Скопје се придружија на фотошопирањето на Берни, во овој случај на скопските клупи, а оваа шега наиде на голема интеракција во секциите за коментари под објавите.

Сенаторот се „појави“ на две скопски клупи:

Фото: Град Скопје
Фото: Град Скопје

Според она што може да се прочита досега под објавите, скопјани слатко се насмевнаа откако неочекувано го забележаа сенаторот на клупите низ главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот