ФОТО: Хеликоптери и сирени во центарот на Скопје: Вежба за спасување предизвика паника

Фото: Слободен печат

Вежба за спасување предизвика паника кај жителите во Скопје. Сирени на полиција, пожарна и брза помош се слушаа во центарот на градот. Но, нема место за паника. Ова е само вежба за спасување која започна попладнево.

Фото: Слободен печат

Хеликоптери и сирени ечат во центарот на Скопје, во тек е вежба за спасување. Скопските пожарникари и полицијата имаат тактично- показна вежба со новите противпожарни скали.

Фото: Слободен печат
Голем пропуст на организаторите е што вежбата не беше најавена преку медиумите, па граѓаните останаа неинформирани дека вакво нешто ќе се случува денеска во главниот град.
Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот