ФОТО: Хелен е најстарата инфлуенсерка на Инстаграм, заработува илјадници евра од фотографија!

хелен рут елам инфлуенсерка
ФОТО: Инстаграм

Кога ќе го слушнете поимот инфлуенсер, особено кога станува збор за Инстаграм, сигурно веднаш помислувате на млада личност, која изгледа како една од најпопуларните светски ѕвезди.Меѓутоа, дека тоа не е правило докажува и 92-годишната Хелен рут Елам, позната на Инстаграм како Беди Винкл.

Хелен Рут Елам е 92-годишна жена и е вистинска интернет-сензација. Имено, таа е најстарата инфлуенсерка на светот. Таа докажала дека младоста не е пресудна за успех на социјалните мрежи, каде повеќето луѓе се „млади, убави и успешни“.

Според истражувањето на една веб-страница, која се занимава со заработувачката на инфлуенсерите, Хелен заработува многу повеќе од нејзините помлади и попознати колеги.

Нејзиниот профил на Инстаграм го следат 3,5 милиони луѓе, а за една објава, во просек, заработува 8.000 евра.

Секако не е изненадувачки што е толку популарна, бидејќи нејзините придружници се воодушевени од нејзините весели модни комбинации, дури и од костимите за капење, кои го отсликуваат нејзиниот ведар дух.

Видео на денот