ФОТО: Хари Стајлс е првиот маж кој се појави на насловната страница на американскиот „Vogue“ облечен во фустан

Instagram
Instagram

Поранешниот член на групата „One Direction“, печајот Хари Стајлс (26) е првиот маж што се најде на насловната страница на американското издание на списанието „Vogue“.

Instagram
Instagram

Пејачот за оваа пригода беше дел од модниот едиторијал, облечен во фустан од модната куќа „Gucci“.

Instagram
Instagram

Хари призна дека сака да експериментира со облеката и изјави дека нема никаква бариера за тоа што го носи.

Облеката е тука за човекот да се забавува и да експериментира… Има облека за мажи и има облека за жени. Кога еднаш ќе ја тргнете бариерата, очигледно се отвара арена во која можете да си играте“, изјави Стајлс, признавајќи дека нема проблем да носи фустани.

Instagram
Instagram

Понекогаш одам во шопинг и едноставно се фаќам себеси како гледам женска облека. Мислам дека е неверојатна. Секогаш кога ќе поставите пречки во вашиот живот, вие само се ограничувате. Има толку радост во играта со облека“, изјави пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот