ФОТО | Хаос во Стокхолм: Швеѓаните излегоа на улица поради антиковид мерките, полицијата ги растера
Најмалку еден полицаец е повреден во центарот на Стокхолм, каде полицијата се обидува да растера стотици демонстранти кои се собраа во знак на протест против забраните воведени со цел да се потисне коронавирусот.
Полицијата објави дека во тек е дијалог со организаторите на протестот со цел собраните граѓани да се растераат и дека е донесена одлука за „прекинување на собирите што не се одобрени“.
Полицијата го блокираше мостот во центарот на Стокхолм, а на сликите емитувани на локалните медиуми се гледа судирот меѓу полицијата и демонстрантите.
Претходно неделава, организаторот на протестите, Филип Сјостром, за локалните медиуми изјави дека очекува околу 2.000 луѓе да се приклучат на демонстрациите.
Според снимката емитувана на телевизија, на протестот се собрале стотици луѓе. Весникот „Дагенс Нихетер“ пишува дека демонстрантите пристигнале од различни делови на Шведска, каде е на сила забрана за собирање на повеќе од осум лица.