ФОТО | Хаос во Холандија по првиот „полициски час“ од Втората светска војна: Полицијата уапси најмалку 184 лица

Фото: EPA-EFE/MARCO DE SWART

Холандската полиција соопшти дека уапсила најмалку 184 лица за учество во нереди низ земјата какви што не се паметат во последните 40 години.

EPA-EFE/MARCO DE SWART

Најмалку 10 полицајци се повредени во синоќешните судири со демонстрантите кои пљачкаа продавници и палеа автомобили во повеќе градови меѓу кои Амстердам, Ротердам и Хаг.

EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Нередите почнаа во саботата навечер по првиот „полициски час“ што беше воведен во Холандија по Втората светска војна. Најголем број опд Холанѓаните ја почитуваат мерката што е на сила од 21 часот навечер до 4:30 часот наутро.

EPA-EFE/KILLIAN LINDENBURG / MEDIATV

– Можеме да потврдиме апсења на најмалку 184 лица, изјави полицискиот портпарол, Шерло Есајас за агенцијата „Франс прес“.

Шефот на полицијата, Хенк ван Есен најостро ги осуди лицата што предизвикуваат нереди, истакнувајќи дека немирите „немаат никаква врска со правото на собири“.

EPA-EFE/MARCO DE SWART

Полициските синдикати наведоа дека безбедносните сили се соочуваат со најтешките нереди во последните четири децении, поточно од пресметката на полицијата и сквотерите кои беа исфрлувани од згради во кои нелегално живееја во 80-ите години од минатиот век.

Досега во Холандија починаа 13.500 лица од ковид-19.

ВИДЕО | Андоновиќ: Холандија се соочува со најголеми протести во последните неколку децении, 150 уапсени поради карантинот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот