ФОТО | Хали Бери повторно вљубена: Трите неуспешни брака ме доведоа до местото каде што сум сега
Актерката Хали Бери (54) неодамна на социјалните мрежи со своите следбеници и обожаватели ја сподели веста дека е во љубовна врска со музичарот Ван Хант.
„Хали мисли дека тој е вистинскиот. Таа имаше неколку негативни искуства, но Ван ја научи да сака повторно – и да се сака себеси. Тој е прекрасен, грижлив човек. Нивната хемија е неверојатна“, изјавил извор близок до актерката за „Us Weekly“.
Нејзиниот нов партнер Ван Хант е музичар и текстописец. Во својата кариера има издадено пет студиски албуми, а музичките жанрови во кои твори се „r&b“ и соул. Иако е добитник на наградата Греми, очигледно е дека Бери е неспоредливо популарна од него, затоа што голем број од нејзините обожаватели воопшто не знаеле кој е Ван Хант.
Хали Бери ја потврди веста за новата љубов на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм во септември, откако претходно навести дека има некој нов човек влегол во нејзиниот живот.
Хали претходно немаше многу среќа во љубовта. Зад себе има три брака, и исто толку разводи. Од 1993 до 1997 година, таа беше омажена за Дејвид Џастис, а потоа со Ерик Бенет од 2001 до 2005 година.
Пет години беше во врска со моделот Габриел Обри и со него ја доби ќерката Нала Ариел. Во 2013 година, по трет пат се омажи и тоа со актерот Оливие Мартинез. Истата година го роди синот Мејс Роберт. И таа љубов заврши неславно, по само две години брак, двојката поднела барање за развод. На крајот на август, 2015 година, Хали Бери соопшти дека во тој процес сама ќе се застапува.
Хали Бери отворено зборуваше за своите љубовни врски и еднаш изјави; „Научив да се справам со три неуспешни бракови, што не беше лесно, особено кога има вклучено деца. Сите имаме лекции што треба да ги научиме и токму тие лекции ме доведоа до местото каде што сум сега“, изјави Хали.