ФОТО | Хајди Клум блесна на Билборд наградите во креација од македонскиот дизајнер Тони Матичевски

Хајди Клум и Том Каулиц на Музичките награди Билборд, Фото: EPA-EFE

На вчерашните Музички награди Билборд, Хајди Клум под рака на нејзиниот сопруг Том Каулиц прошета на црвениот тепих во креација на австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

Славните личности блескаа во „МГМ Гранд Гарден“ Арената во Лас Вегас, но Хајди Клум беше посебно убава во жолтиот фустан кој ги отсликуваше амазонските рамења и долгите нозе на моделот познат по прекарот „Телото“. Клум беше совршено стилизирана со елегантни црни ракавици и висосоки црни чизми.

Хајди Клум во фустан од македонскиот дизајнер Тони Матичевски, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Тони Матичевски е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, а негови креации досега носеа Џенифер Лопез, принцезата Дина Абдулазиз, Бијонсе, Џејми Кинг, Пенелопе Круз, Ева Лонгорија, Кристен Стјуарт и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Самиот има изјавено дека инспирацијата за своите креации ја црпи од своите корени и дека Балканот како поднебје е за жал многу затворен за нови и авангардни дизајнери. Тој живее и работи во Австралија и е светски етаблиран, а неговите креации се барани и во Холивуд.

ФОТО | Светско, а наше: Кристен Стјуарт облече креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

ФОТО | Ева Лонгорија блеска во креација од дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот