ФОТО: Гвинет Палтроу ужива во љубовта и не крие колку е посреќна во новиот брак

Instagram

Поранешната холивудска актерка, денес претприемачка Гвинет Палтроу низ годините речиси никогаш не била забележана да разменува нежности со најблиските или партнерите во јавност.

Но, веројатно нешто се сменило во нејзините „принципи“. За време на една пријатна есенска прошетка низ Хемптонс, каде што има куќа со нејзиниот нов сопруг Бред Фалчук, 48-годишната Гвинет уживаше во добро друштво и едноставно се препушти на страстите.

Instagram
Instagram

Дежурното око на папараците ги забележаа бакнежите на вљубениот пар, а фотографиите за брзо го обиколија светот.

Instagram
Instagram

Двајцата облечени во опуштени и лежерни комбинации, покажаа дека не им е грижа за изгледот, туку за удобноста.

Instagram
Instagram

Прошетка низ парк, кафе за носење и живот без премногу стрес е малку од нештата кои ги уживаме во последно време, а очигледно истото го прават и познатите.

Инаку, Платроу е во брак со шармантниот 49-годишен Бред веќе две години, а тие се запознале кратко откако таа се раздели со првиот сопруг, пејачот Крис Мартин, со кој има две деца.

Instagram
Гвинет со нејзините деца / Instagram

Мартин и Палтроу беа во брак 13 години и денес, според нивните изјави во медиумите тие сè уште се во многу хармонична и пријателска врска.

Instagram
Instagram

Поради своите деца, кои продолжија да ги одледуваат заедно, тие се однесуваат многу зрело и не им е проблем да ги поминат годишните одмори заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот