ФОТО | „Гучи“ ја обнови омилената чанта на Лејди Ди: Ова е омилениот модел на принцезата

Принцезата Дијана
Фото: Профимедиа

По големиот успех на обновената „Jackie“ чанта, „Gucci“ ни враќа уште еден популарен модел. Чантата со бамбусова рачка на принцезата Дијана е редизајнирана од Алесандро Микеле, 20 години од лансирањето на оригиналот кој ја освои принцезата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @diana.spencer__

Синоним за стил

Лејди Ди во раните 90-ти кога го напушти кралското семејство го замени препознатливиот софистициран и елегантен стил со шик и лежерен стил.

Нејзината стилистка Ана Харви еднаш изјавила дека принцезата се одрекува од формалностите и кралските кодекси на облекување, што ја направи модна икона достојна за восхит. Без разлика дали носела луксузни фустани, класични костуми или џемпери и шорцеви, Дијана секогаш била посебна.


Принцезата ја носеше „Gucci Bamboo“ чантата во комбинација на бројни модни изгледи. Најновата верзија на култната чанта од оригиналот се разликува со дополнувањето на кожни ремени прикачени околу бамбусовите рачки кои го задржаа стилот од 90-тите правејќи ја попрактична за носење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CandyLee_gucci (@candy_guccipavilion)

Новата „Gucci Bamboo“ чанта е достапна во три големини и седум бои, а sвездите како Сиена Милер и Ел Фанинг веќе го добија својот примерок.

ФОТО | Принцовите повторно заедно: Ја отскрија статуата на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот