9.2 C
Скопје

ФОТО: Гризман ја прати топката во „облаци“ и си тера мајтап на своја сметка

Французинот не се прослави со изведувањето на пеналот против поранешниот клуб во шпанскиот Куп.

Барселона за прв пат по 23. години мораше преку пенал серија да одлучува за победникот во кралскиот Куп, и успеа со 3:2 во пенал рулетот да го победи Реал Сосиедад откако по 120. минути игра беше 1:1.

Изведувачите на пенали не се прославија кај двете екипи, вкупно пет удари од белата точка беа промашени, а најголемо промашување имаше Антоан Гризман.
Французинот во четвртата серија шутираше за победа, но неговиот удар заврши далеку над голот, но за негова среќа младиот Рики Пуиг беше прецизен во последната серија и ја однесе Барселона во финалето на кралскиот Куп.

Промашувањето на Гризман може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Веднаш по промашувањето започнаа шегите на сметка на Гризман, а дека Французинот не се лути, напротив тој си тераше мајтап на своја сметка со тоа што „лајкуваше“ неколку досетки.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Барса знае да победува и без Меси

Поврзани вести

Арсенал замената за Озил ја најде во Реал Мадрид

Слободен печат

Хит фотка: Стоилов и Пешевски во друштво на дебелкото од Конго

Слободен печат

Египет и Парондо одат според планот, реми со Словенија за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Солскјер конечно го победи Клоп, Фернандеш го исфрлли Ливерпул од ФА купот

Слободен печат

Моќни зборови на поддршка по авионската несреќа во Бразил: Ние знаеме како ви е, нема да бидете сами

Слободен печат

Ѓоргоноски: Кузмановски треба да биде идниот лидер на репрезентацијата по повлекувањето на Кире 

Слободен печат

Остави Коментар