ФОТО: Грета Тунберг ја краси насловната на првото издание на „Вог Скандинавија“

грета тунберг вог
ФОТО: Инстаграм

Активистката за климатски промени, Грета Тунберг се појави на насловната страница на првото издание на „Вог Скандинавија“ и ја искористи платформата за да ја критикува „брзата мода“.

„Брза мода / fast fashion“ е термин што се користи за облеката која се шие по инспирација на високата мода за да се заработи од тренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greta Thunberg (@gretathunberg)

„Модната индустрија е огромен придонесувач за климатско-еколошката вонредна состојба, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз безброј работници и заедници кои се експлоатирани низ целиот свет, со цел некои да уживаат во „брзата мода“ што многумина ја третираат како облека за еднократна употреба“, рече Тунберг.

Тунберг ги критикува „зелените“ модни кампањи

Шведските активисти за заштита на животната средина изјавија дека модната индустрија користи скапи промотивни кампањи за да изгледа „одржливо“, без всушност да преземе ништо за заштита на животната средина, нарекувајќи ги кампањите „зелено перење“ (перење се користи во контекст-перење на ум).

18-годишната девојка во своето интервју рече дека со години не купила нова облека

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Türkiye (@vogueturkiye)

„Последниот пат кога купив нешто ново беше пред три години и беше од втора рака. Позајмувам работи од луѓе што ги познавам“, вели Тунберг.

Таа повика на промена во начинот на производство и купувањето облека низ целиот свет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Borges (@ana.doria.borges)

„Не можете масовно да произведувате мода или да консумирате „одржливо“ во денешниот свет. Тоа е една од многуте причини поради кои ќе ни треба промена на системот“, рече Тунберг.

Видео на денот