ФОТО: „Гранде“ Пандев во друштво на Роналдо, Меси, Левандовски..!

Фото: Твитер

Пред точно една недела Горан Пандев го постигна својот 36 гол во дресот на најдобрата македонска А репрезентација.

Нашиот „Гранде“ Пандев го реализираше победничкиот погодок во Тбилиси на 12 ноември 2020 година против Грузија (0:1) за прв историски пласман на Македонија на евро шампионатите.

Покрај големиот број славни успеси на клупски план, се оствари големата желба на 37-годишниот играч на Џенова да ја збогати својата кариера да настапи во едно големо натпреварување и со националната селекција.

Денеска е објавена една интересна статистика од „playmakerstats“ со листа на играчи кои и натаму се активни во Топ 5 европските фудбалски лиги (Бундеслига – Германија, Ла Лига – Шпанија, Лига 1 – Франција, Серија А – Италија, Премиер лига – Англија) и воедно најдобри стрелци на сите времиња во своите сениорски репрезентации.

Пандев е нашиот најдобар стрелец со 36 голови, на оваа листа се наоѓаат врвни имиња како Кристијано Роналдо (Јувентус) кој моментно има 102 голови со Португалија, втор е Лионел Меси (Барселона) со 71 погодок за Аргентина, на третата позиција е Роберт Левандовски (Баерн Минхен) со 63, колку што има и Луис Суарез (Атлетико Мадрид) за Уругвај.

ВИДЕО: Македонија е емоција, УЕФА ги сподели нашите најсреќни моменти!

Фантастична приказна на српскиот медиум за Горан Пандев: Човекот од кој сите треба да учиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот