ФОТО: Граѓаните од општина Гази Баба им помагаат на лицата од ранливите категории

Акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи” одлично напредува веќе 20 дена. Со заеднички сили – граѓаните, градоначалникот Борис Георгиевски и вработените во Општината, културно-уметнички работници, функционери, бизнисмени, политичари преку своите донации не забораваат на лицата од ранливите категории.

Благодарение на посветеноста на хуманите луѓе, оштина Гази Баба преку акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи”  до сега собра 665 кг храна, 40 кг облека, 175 кг хигиенски средства, 104 пакети пелени, детски играчки, постелнини, како и училишен прибор.

Во акцијата се влкучија голем број културно-уметнички работници, функционери, бизнисмени, политичари кои преку своите донации им помагаат на лицата од ранливите категории.

Во овој период акцијата ја поддржаа и министрите Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и Јагода Шахпаска, претседателката на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, учениците и наставниците од ООУ „Наум Охридски” од Булачани, Petrus Theunisz од Civica Mobitilas, пејачите Васил Гарванлиев, Даниел Дан и Александра Јанева, како и актерката Изабела Пан и спортистот Мартин Јованов.

 

Акцијата “Месец на хуманост – Гази Баба се грижи” ќе трае до 02 ноември, а сите заинтересирани граѓани можат да се приклучат на 4-те пунктови пред маркетите: Дим во Железара, Кит-Го во Автокоманда, КАМ во Маџари и Тинекс Годел, каде од 10 до 17 часот можат да донираат храна, средства за хигиена, облека, покуќнина за своите сограѓани на кои им е најпотребно.

Партнери во спроведувањето на акцијата се: Ајде Македонија, Вистински дела на љубезност,  Црвен крст – Гази Баба, Копче, Ретвитни oброк, Лице в лице, Пакомак, Суниленс, Нула отпад и Шепасти ентузијасти. Организациите – партнери во оваа акција, постојано се на терен и се грижат секоја донација да стигне онаму каде што е најпотребна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот