3 C
Скопје

ФОТО: Градот ја постави елката на плоштад, скопјани си ги украсија домовите

Сепак, и покрај тоа што украсувањето нема да изостане, годинава нема да биде организирана манифестација „Винтерленд“, а нема да има ниту заеднички дочек за Нова година на плоштад.

Скопје наскоро ќе светне предновогодишно. На плоштадот „Македонија“ веќе се поставува дигиталната елката, која како и лани така и годинава ќе свети во различни бои, а со новогодишни украси во наредниве ќе бидат накитени и дел од скопските булевари, улиците и јавните површини. Со тоа, градските и општинските власти, според објаснувањата, имаат за цел да го подобрат расположението на луѓето, кои поради пандемијата веќе неколку месеци се принудени да останат затворени во своите домови за да се заштитат од коронавирусот, кој, за жал, во последниот период зема се поголем замав.

Украсувањето на Градот во време на пандемија се случува и покрај многубројните апели од страна на граѓаните, за да се пренаменат средствата за други цели, наместо за украси. Имаше предлози, парите за китење на Скопје, наместо за светилки да се пренаменат за купување амбулантни возила или, пак, за таблети и компјутери, кои подоцна ќе им бидат дадени на децата од социјално загрозените семејства и на тој начин тие полесно да следат онлајн настава од дома.

Прочитајте и...  Мнозинството републиканци во Сенатот се против отповикување на Трамп

Но, според градоначалникот Петре Шилегов, во време на пандемија, кога стравот и депресивното расположение владеат со мислите и со чувствата на жителите на главниот град, новогодишна атмосфера ќе помогне да се крене расположението. Сепак, годинава нема да биде организирана  манифестацијата „Винтерленд“, ниту ќе има заеднички дочек за Нова година на градскиот плоштад.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Освен Градот, улиците, парковите и другите јавни површини ќе ги украсуваат и дел од скопските општини.

Во Општина Карпош симболично ќе се украсат неколку пофреквентни локации и поради тоа значително се намалени буџетските средства за оваа намена. Ќе се украси платото на „Млечен“, платото „Делфина“ во Влае 2, платото во Карпош 3, кружниот тек на улицата „Париска“ и паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Козле.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Општина Центар донесе одлука средствата наменети за новогодишно украсување да ги пренамени за набавка на компјутерска опрема и преносни компјутери за основните училишта на нејзината територија. Но тие ги повикаа сите компании, граѓани, угостителски објекти, кафеани и кафе-барови кои се наоѓаат на нејзината територија, да ги украсат и декорираат своите објекти и новогодишно да го уредат сопствениот простор.

Во центарот на Скопје и независно од повикот на општината, веќе се украсени повеќето ресторани и продавници, а во сите поголеми маркети веќе десетина дена се продаваат елки и најразлични новогодишни украси за празнична атмосфера во домот.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Годинава, пандемијата го спречи социјалниот живот на кој бевме навикнати, па граѓаните поголемиот дел од времето го минуваат дома. Можеби затоа и новогодишното украсување започна многу рано, уште во ноември, па по социјалните мрежи можат да се видат фотографии од празнично уредени домови уште од минатата недела.

Прочитајте и...  Курти со забрана за учество на парламентарните избори во Косово

Поврзани вести

Шилегов: Ништо не се работи на самото езеро Треска, туку во неговата околина

Слободен печат

Спектакуларно откритие на ЦИА: Руски научници правеле експерименти со екстрасензорни перцепции

Слободен печат

МАН: Собранието да ги избере новите членови во Советите на МРТВ и на АВМУ преку постоечкиот закон

Слободен печат

Германскиот министер за економија: Германија очекува економско ниво како пред кризата до средината на 2022 година

Слободен печат

Град Скопје и УКИМ ќе основаат Фондација „Развоен институт Скопје“

Слободен печат

Чаирскиот градоначалник Ганиу: Сопственикот на „Фонтана“ ме информира дека го враќа објектот во првобитната состојба

Слободен печат

Остави Коментар