ФОТО: Говорот на селекторот Ангеловски пред натпреварот со Грузија!

Ангеловски пет години беше селектор на Македонија/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската А репрезентација се пласираше на Европското првенство после победата во Тбилиси пред три дена на 12 ноември 2020 година против Грузија (0:1).

Селекторот Игор Ангеловски ги водеше играчите до најголемиот успех во сениорска конкуренција, а ФФМ денеска го споделува неговиот говор токму пред одигрувањето финалниот дуел од УЕФА Лигата на нации:

– Дечки, сето она што направивте го направивте заедно. Вие сте среќа за илјадници луѓе и голема гордост за вашите фамилии. Со вас создадовме едно семејство, не само заради вашиот талент, туку и поради вашите човечки вредности и позитивен дух.

Денес, после 5 години вие сте едно тело. Денес Горан е Барди, денес Барди е сите ние. Денес Боби, Аријан, Стефан, Аце, Влатко, Кире, Столе, Егзон, Висар, Даре, Ѓоко, Тихо, Крсте се едно!

Денес Елиф е Нестор, а Нестор е Иве! Денес Столе има шест раце, денес и Шишко и Мартин се покрај тебе.

Вие сте сплотени за целта на многу генерации да стане реалност. Денес Македонија ќе ве бодри од секој дом, денес ќе треперат многу срце. Не се плашете!

Денес победува срцето, а не нозете! Денес победува другарството, а не личноста. Денес ќе испишете историја што ќе се памети со генерации – говорот на Ангеловски пред финалето за пласман на ЕП против Грузија.

И екс ѕвездата на Манчестер сити сака да биде херој како Пандев!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот