ФОТО | Горан Пандев со голема причина за прослава: Неговата најмала ќерка наполни три години

горан пандев
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Долгогодишниот капитен и најдобриот стрелец во историјата на нашата репрезентација, Горан Пандев сега има многу повеќе време да се посвети на својот приватен живот.

Пандев од 2009 година е во среќен брак со својата сакана Надица. Тој во едно интервју откри дека е среќен што ја има Надица за жена, посочувајќи дека неговата сопруга морала да се соочи со најголемиот товар при воспитувањето на нивните три деца. Тие ги делат синот Филипо и двете ќерки Ана и Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Нашиот Пандев деновиве ужива на заслужен летен одмор со своето семејство покрај море, а денес е посебен ден за нив, со голема причина.

Имено, неговата најмала ќерка денес го слави својот 3-ти роденден.

„Среќен роденден малечка моја“, напиша Горан во описот на неколкуте фотографии што ги сподели на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Под неговата објава, следеа бројни желби и честитки за преслатката Софија од обожаватели и пријатели од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот