ФОТО | Голема радост во семејството на Драган Спасов Дац: Добив уште една ќерка!

Драган Спасов Дац
Драган Спасов Дац / Фото: Фејсбук

Актерот и музичар Драган Спасов Дац неодамна го прослави својот 59 роденден, а на истиот ден актерот по вторпат заплива во брачните води. По една деценија љубов и заеднички живот, актерот  и неговата партнерка Весна Терзиевска стапија во брак.

ФОТО | Од роденден, до свадба: Драган Спасов Дац и неговата сакана Весна стапија во брак

Актерот по тој повод организирал мала роденденска забава во еден скопски локал. А, за среќата да биде двојна, неговата сакана Весна му приредила несекојдневно изненадување кое, дефинитивно, не го очекувал – матичар кој официјално ги венчал.

Фото: Принтскрин/Фејсубк

Изминатиот викенд, Дац сподели среќна вест дека уште една свадбена прослава е на повидок во семејството Спасови. Постариот син на актерот, Јаков се верил, а по тој повод Дац се огласи на неговиот фејсбук-профил споделувајќи дел од убавата семејна атмосфера.

„Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија! Љубов во неограничени количини“, напиша актерот во описот на неколкуте фотографии.

Фото: Принтскрин/Фејсубк

Под неговата објава деновиве се нижат лавина честитки од неговата поширака фамилија, пријатели, колеги и обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот