ФОТО: Голем пожар синоќа во Рим, уништен Железниот мост

Пожар на Железниот мост во Рим / Фото: EPA-EFE/GIULIA MARRAZZO BEST QUALITY AVAILABLE

Голем пожар синоќа го зафати и делумно го уништи Понте ди феро, индустрискиот, таканаречен железен мост што ги поврзува двете римски населби Остинезе и Трастевере.

Пожарот избувнал синоќа пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово, јавува агенцијата Анса.

Пожар на Железниот мост во Рим / Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Зоната на железниот мост е центарот на ноќните собири во Рим.

Според првичните информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што е создадено „стампедо” од луѓе кои биле во околните ресторани и барови.

Пожар на Железниот мост во Рим / Фото: EPA-EFE/GIULIA MARRAZZO BEST QUALITY AVAILABLE

Како што јавуваат италјанските медиуми, пожарот загрозил и дел од гасните инсталации, а како мерка на претпазливост е исклучено снабдувањето со гас, електричната енергија и водата.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџа го посети местото на несреќата и изјави дека „најважно е што нема човечки жртви, но тажно е да се види дека е уништен дел од историјата”.

Пожарот изгоре дел од мостот кој се урна во реката Тевера, а останува да се утврди дали основната конструкција е оштетена или мостот ќе мора да се урне поради оштетување. Индустрискиот мост е изграден во 1863 година.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот