ФОТО | Годините се само бројка: Ова се тајните на најубавите 50 годишни жени во Холивуд

џенифер лопез деми мур хали бери елизабет харли
ФОТО: Инстаграм

Привлечноста нема датум на траење. Иако некои sвезди се благословени со добри гени, нивниот изглед се должи и на вложен труд. Ова се препораките и тајните на најубавите жени со возраст од 50 години па нагоре.

Џенифер Лопез, 52

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Пејачката и мајка на две деца инсистира дека нејзиното лице и тело се природни. Лопез е неспорно активна – нејзините настапи се состојат од танцување со часови и вежбање со повеќе тренери, вклучувајќи го гуруто за кардио танц, Трејси Андерсон. Џенифер не претерува со кафе и алкохол и се храни со протеини како говедско месо и лосос. Лопез, исто така конзумира додатоци во исхраната. А, исто така, внимава на здравјето на цревната флора и дигестијата.

Деми Мур 58

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Иако ги краси насловните страници на многу списанија, Деми Мур долго време се борела со самодовербата во телото. Во својот мемоар актерката прозборела за притисоците што го доживеала како млада актерка за да остане слаба. „Исфрлив јаглехидрати, трчав и возев велосипед и вежбав на секоја справа што може да се замисли“, напишала таа. Во 2019 година, Мур открила дека престанала да вежба четири години, пред повторно да го најде својот ритам дома преку виртуелна теретана со 15-минутни вежби кои не биле многу напорни, биле нежни за зглобовите додека го зајакнувле и вајале телото.

Хали Бери, 54

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Хали Бери вежбала со тренерот за славни личности Питер Ли Томас околу пет години. Тие ја лансирале платформата за здравје и фитнес, чиј успех е програма за вежбање на целото тело. „Не ви треба членство во теретана за да бидете здрави и фит“, рекла таа. Бери претпочитала да меша тежински тренинзи, кардио, јога и истегнување. „За мене беше важно да не го форсирам своето тело“.

„Со секоја деценија, се чувствувам сè повеќе како себеси“, рекла таа, истакнувајќи ја важноста на грижата за себе. „Важно е да го придвижувате вашето тело секој ден и да имате некаква телесна интеракција што ќе ве натера да се чувствувате живи, дури и ако тоа не е вежба. Ако медитирате, се движите во себе, го движите вашиот дух, ги движите енергиите во вашето тело. Ако читаш, тоа е движење. Тоа е вклучување на вашиот мозок и вклучување на фантазијата, патување во вашиот ум“.

Елизабет Харли, 56

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Харли вели дека го елиминирала грицкањето доцна во ноќта. „Јадете ја храната порано во текот на денот, за да имате повеќе време да ја сварите и вашето тело да може да мирува во периодот на спиење“, рекла таа, истакнувајќи го нејзиниот нетрадиционален начин на вежбање. „Не одам во теретана, но сум доста активна. Навистина не седам мирна и не легнувам на кауч“. Исто така рекла дека наутро пие голема чаша топла вода. „Има прилично одвратен вкус, но тоа е фантастично за вашиот дигестивен систем“.

Шерон Стоун, 63

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Актерката за себе рекла дека не „робува“ на диети, но внимава на здравата исхрана. „Не јадам преработена храна. Не пијам кофеин и многу ретко внесувам газиран сок или алкохол. Но, јадам месо и црно чоколадо. Ставам шеќер во чајот ако ми се присака. Имам целијачна болест, затоа не јадам глутен“. Шерон сакала домашни тренинзи со пилатес и секогаш претпочитала спонтана соло забава за да „танцува“ отколку монотоно тренирање на лента за трчање. Стоун додала за својата филозофија за убавина: „Повеќе се работи за вистинска внатрешна убавина. Важно е да имате филозофија или начин на живот или вера што ве одржува балансирани“.

Извор: „NY Post“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот