ФОТО | Го менува лицето на модата: Манекенка со Даунов синдром за првпат зачекори на модна ревија во Лондон

Фото: Инстаграм/Бет Метјуз

Манекенката со Даунов синдром, Бет Метјуз, за првпат зачекори на ревија за време на Модната недела во Лондон, пишува „Би-би-си“.

Модните недели во Лондон, Париз, Њујорк и Милано се едни од најзначајните модни настани во годината, каде дизајнерите прикажуваат нови стилови.

Фото: Инстаграм/Бет Метјуз

Меѓутоа, ревиите на овие модни случувања честопати добиваат критики, бидејќи најчесто се ангажираат манекенки со нереални стандарди за убавина. Поради тоа Бет вели дека сака да го „промени лицето на модата“.

Деновиве, таа зачекори на модната ревија на брендот „Гус ајленд фешн“ („Goose Island Fashion“), со седиште во Свонси, како дел од модната недела во Лондон, а исто така беше поканета како вип-гостин во првиот ред во публиката, за другите ревии.

Фото: Инстаграм/Бет Метјуз

Дваесет и три годишната девојка од Велс досега учествуваше во неколку ревии низ Европа, беше фотографирана за списанието „Вог“, а прошета и на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција.

Нејзината мајка, Фиона, вели дека јавното појавување на Бет ќе ги промени перспективите на Даунов синдром и ќе покаже „дека некој како неа може да има неверојатен живот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот