ФОТО | Глетката на влез од кафуле во Хрватска веднаш стана хит, луѓето пишуваат: Веднаш доаѓам ако ме чека ова

Глетката во едно далматинско кафуле ги воодушеви гостите, но и ги насмеа следбениците на популарната хрватска фејсбук-страна „Дневна доза просечен Далматинец“, пишува хрватски Индекс.

Имено, некој снимил јагне на влезот во ова кафуле. Во описот на објавената фотка стои „Повелете, драги гости!“ која за кратко време собра над илјада лајкови и многу коментари.

„А каде е нејзината маска?“, „Одам веднаш во Далмација ако оваа глетка ме чека таму“, гласат само дел од коментарите.

Погледнете:

Инаку, оваа фан-страна е препознатлива по споделувато на смешни ситуации од секојдневието на Далматинците. Така, деновиве вирална стана и фотографија направена во Задар, на која се гледа како навивачите сфатиле како да ги надмудрат тамошните власти за го гледаат натпреварот во живо и покрај епидемиолошките мерки.

Погледнете ја фотката:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот