Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам / Фото: Danny Lawson / Avalon / Profimedia*** NO UK USE FOR 48 HRS ***, Model Release: no, Credit line: Danny Lawson / Avalon / Profimedia

ВИДЕО | Глетка каква што не е видена цели 13 години: Кејт Мидлтон ги изненади сите со овој потег

Лондонската населба Нотинг Хил многу добро ја познаваме од истоимениот филм во кој главните улоги ги толкуваат Џулија Робертс и Хју Грант, а токму таму била била видена принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (43). Имено, минатата среда Кејт влегла во продавница за оптика, па по извесно време од продавницата излегла со ќесе во рацете. Она што изненадува е самиот факт што принцезата купува и шета низ Лондон, што е незамислива глетка од 2011 година кога се омажи за принцот Вилијам, а на фотографиите не се ниту членовите на нејзиниот тим за обезбедување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Janelle (@royalreplikate)


Новообјавените фотографии ја покажуваат Кејт, која се чинело како да е сама, како купува очила во продавницата „Финлеј“ во Нотинг Хил. Иако не е јасно какви очила купила, познато е дека Кејт поседува еден пар очила за сонце „Хенриета“ од тој бренд, кои во неколку наврати ги носела во јавноста.

За таа прилика, Кејт се облекла лежерно, носела црн волнен капут преку темносиви панталони, чизми со дебел ѓон и, очигледно, истиот шал што го носеше на портретот на својот роденден претходно овој месец. Како додаток, таа носела чанта „Смитсон Мини Литон“, која ја држела преку раката додека излегувала од продавницата.

Појавувањето на Кејт на улиците на Нотинг Хил се случи неколку дена откако таа го имаше својот прв јавен ангажман во 2025 година во болница во Лондон, каде што минатата година прими хемотерапија и откри дека нејзиниот рак е во ремисија.

„Олеснување е што сум во ремисија сега и останувам фокусирана на закрепнувањето“, напиша таа во личната порака по посетата на болницата Ројал Марсден.

Кралот Чарлс до членовите на кралското семејство: Монархијата ќе биде во добри раце со Кејт Мидлтон

ФОТО | Војвотката од Кембриџ во патики од 6.000 денари: Удобност пред сè за Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам откри кој бил најужасниот подарок што ѝ го подарил на Кејт: „Таа никогаш не ми дозволи да го заборавам тоа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот