ФОТО | Ги заведе Мик Џегер и Клинт Иствуд: Која е 29-годишната Нур со која Ал Пачино чека дете?

Фото: Instagram/ EPA

Младата Нур Алфалах е во љубовна врска со актерот Ал Пачино, кој е постар и од нејзиниот татко. Во јавноста веќе се прошири веста дека таа е во осмиот месец од бременоста и наскоро ќе го добијат своето прво дете.

Но, која е Нур Алфалах, 29-годишната девојка со која Ал Пачино чека дете?

Фото: Instagram/ nooralfallah

Имено, Нур се претставува како филмска продуцентка, која зад себе нема реализирано многу проекти. Засега познато е дека работела на филмовите „Bosa Nostra“ и „La Petite Mort“.

Нејзиниот татко е од Кувајт, а мајката е од Америка. Нур пораснала во Беверли Хилс, а студирала филм и театар на Универзитетот во Лос Анџелес, како и на Универзитетот во Јужна Каролина.

Фото: Instagram/ nooralfallah

Вниманието на јавноста, за првпат го привлече во 2017 година кога беше забележана со рок-легендата Мик Џегер (79), на турнејата на „Ролинг Стоунс“. Во едно интервју, таа за него изјави дека е во подобра форма од неа и дека многу го почитува поради неговата дисциплина.

Фото: Instagram/ nooralfallah

Откако ја прекина врската со Џегер, започна кратка врска со милијардерот Николас Бергруен (61), за кого таа вели дека се само добри пријатели. Неколку месеци подоцна Нур е фотографирана во друштво на актерот Клинт Иствуд. Тие се забележани на заедничка вечера во ресторан во Лос Анџелес, каде по средбата заминале во ист автомобил. Но, Нур ги демантираше гласините за љубовната врска со Иствуд.

Фото: Instagram/ nooralfallah

Инаку, Ал Пачино и Нур Алфалах се во врска од минатата година, кога за првпат се забележани заедно на романтична вечера. Од парот не може да се забележат многу заеднички фотографии. На нејзиниот официјален Инстаграм профил таа има само една фотографија со него.

Фото: Instagram/ nooralfallah

Ал Пачино никогаш не се ожени, но има три деца од минатите врски. Од врската со наставничката Антона Јамеса Д’Анџела ја има ќерката Џули Мари Тарант, а близнаците Оливија Роуз и Антон Џејмс ги доби со колешката Беверли Д’Анџело со која беше во врска до 1997 до 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот