ФОТО | Герасимовски: Финансиска поддршка за здруженијата за стерилизација и кастрација на бездомните животни

Горан Герасимовски
Горан Герасимовски на средба со здруженијата „Шепасти ентузијасти“, „Кане Корзо надеж“ и „Поддршка од Дејзи Фемили“ / Фото: СДСМ

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски денеска оствари средба со здруженијата „Шепасти ентузијасти“, „Кане Корзо надеж“ и „Поддршка од Дејзи Фемили“, на која најави финансиска поддршка за здруженијата, за стерилизација или кастрација на бездомните животни на територија на општината.

– Општината во следниот период ќе посвети сериозно внимание на поставување нови паркови за миленици, но и одржување на постоечките. Исто така, на повеќе локации низ општината ќе бидат поставени обележани корпи за отпадоци наменети за домашни миленици покрај кои ќе има и кесички со цел одржување подобра јавна хигиена на општината, се вели во соопштението.

Ова се спроведува сѐ со цел улиците, парковите, јавните пешачки патеки, затворените места и специјализираните паркови за забава на миленици да останат чисти.

Фото: СДСМ

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот