ФОТО: Георгина Родригез својата фитнес пасија ја претвора во бизнис

Instagram
Instagram

Георгина Родригез (26) деновиве со своите обожаватели сподели фотографии на кои го покажа своето „фит“ тело позирајќи во спортска облека на јахта. Таа обожава фитнес а очигледно својата пасија ја претворила и во бизнис, често рекламирајќи спортска опрема.

Instagram
Instagram

Манекенката, ја покажа својата прекрасна фигура со неколку фотографии кои ги сподели на својот профил на Инстаграм, усовршувајќи ги своите импресивни потези во Мадрид, Шпанија.

Instagram
Instagram

Родригез изгледа феноменално додека позира во сина облека за вежбање од модниот бренд „Alo Yoga“ со бела марама на косата.

Instagram
Instagram

Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (35) на фотографиите кои ги сподели со своите обожаватели, се гледа дека ужива во прекрасните погледи на отворен океан. Заедно со нејзиниот „прилог“ на социјалната мрежа Инстаграм, таа напиша: „Помеѓу морето и небото“.

Instagram
Instagram

Покрај од професионалните ангажмани, Георгина често споделува фотографии и од нејзиното младо семејство. Роналдо и Родригез се заедно од 2017 година и имаат заедничка двегодишна ќерка Алана Мартина.

Instagram
Instagram

Кристијано има уште три други деца, близнаците Ева и Матео, кои се родени од сурогат мајка во Америка, и Кристијано Роналдо Џуниор чија мајка за јавноста уште е мистерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот