ФОТО | Георгина Родригез го маѓепса светот со својот природен изглед: Стомак, целулит и стрии

георгина родригез
Георгина Родригез на летен одмор со семејството / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Георгина Родригез и Роналдо уживаат во семејната идила и заслужениот одмор на Ибица, а папарацо фотографите го уловија парот на нивната луксузна јахта во моменти на тотална релаксација, сончање и капење.

И додека фудбалерот гордо ги покажува извајаните стомачни мускули, неговата сакана го воодушеви целиот свет во микро црни бикини. Она што најмногу привлече внимание е секако фактот дека таа нема проблем да покаже како навистина изгледа.

Имено, свршеницата на познатиот фудбалер на целиот свет му покажа дека и таа може да има подуен стомак, да има стрии и дека нема проблеми со целулитот. Таа откри дека е вистинска жена од крв и месо и дека иако се труди да изгледа совршено на црвениот тепих, одвреме-навреме си дозволува да ужива во својот природен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Да потсетиме, убавата инфлуенсерка и свршеницата на Роналдо беше бремена со близнаци и се породи на 18 април годинава, при што на свет го донесе девојчето Бела Есмералда, додека, за жал, го загуби синот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот