ФОТО ГАЛЕРИЈА | Фустани кои го вратија гламурот на сцена – пет најдобри стајлинзи за 2021

Бела Хадид, Ања Тејлор Џој, Ким Кардашијан
Бела Хадид, Ања Тејлор Џој, Ким Кардашијан

Во 2020, многу филмски настани беа откажани, доделување награди и случувања кои поради коронавирусот беа одложени, го намалија „сјајот“ на црвениот килим.

Но, во 2021ва, некако со адаптирањето на новите начини на фунцкионирање, сведоци сме дека настаните не избегаа од својата гламурозност, а многу ѕвезди блеснаа (или се стемнија?) во прекрасни изданија. Издвојуваме пет најдобри од нив, кои ја одбележаа годината.

Бела Хадид

На филмскиот фестивал во Кан, оваа моделка го крадеше вниманието со црниот фустан во едноставен крој со раскошно длабоко деколте, на кое имаше спектакуларен златен ѓердан во облик на бели дробови, дизајниран од Даниел Росбери. Со овој фустан, Бела како да порача дека повторно може да се „дише со полни гради“, иако коронавирусот уште е во подем.

Бела Хадид
Splash / Profimedia

Освен за Бела Хадид, се зборуваше и за Шерон Стоун

Легендарната глумица се појави на црвениот килим во беспрекорно бела креација од Долче и Габана. Светкавиот корсет апсолутно го красеше нејзиниот тен и блескавата насмевка.

Шерон Стоун
Alamy / Profimedia

Зендаја

На Венецискиот филмски фестивал; црномурестата актерка беше буквално како извајана грчка статуа. Дизјанерот Оливер Рустенг го креираше овој фустан специјално по мерата на Зендаја, а во една прилика ја нарече „божица“. И навистина изгледаше така.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Уште една божица во редот – Ања Тејлор Џој

На фешн-шоуто за Диор, младата актерска ѕвезда се појави на црвениот килим како симната од небо. Ања Тејлор Џој носеше маѓепсувачки златен долг фустан со светкав ефект и плисирано здолниште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anya Taylor-Joy (@anyataylorjoy)

Ким Кардашијан како сенка

Иако овој стајлинг предизвика контраверзии и беше еден од најозборуваните годинава, сепак остави силен впечаток. Ким во него не се ни гледаше – но затоа сите ја гледаа неа.

Модната „сенка“ на моделот во кој беше обвиткана Ким е со потписот на Баленсијага и е еден од најсилните избори за Мет гала во 2021.

Ким Кардашијан
JOHN ANGELILLO / UPI / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот