ФОТО: Фудбалерите на Наполи месецов ќе играат со специјални дресови во чест на Марадона

Фудбалерите на Наполи против Верона, Интер и Лацио ќе играат во специјално дизајнирани дресови /фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во ноември ќе одиграат вкупно три натпревари во Серија А, против Верона, Интер и Лацио и на нив ќе настапи во специјално дизајнирани дресови во чест на легендарниот Диего Марадона.

На 25 ноември ќе се наврши точно една година од смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а производителот на опремата на Наполи, ЕА7 во знак на сеќавање на легендарниот Аргентинец подготви специјални дресови за месецов.

Фудбалерите на Наполи играат одлично сезонава, тие се на делба на лидерската позиција во Серија А заедно со Милан и новите дресови сигурно е дека добро ќе им дојдат како дополнителна мотивација во тешките натпревари кои им престојат овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот