ФОТО: Француски физичар објави парче колбас, луѓето му поверуваа дека е ѕвезда

Фото: Твитер

Француски научник се извини откако објави на Твитер фотографија од парче колбас Чоризо, тврдејќи дека тоа е слика на далечна ѕвезда снимена со телескопот „Џејмс Веб“.

Етиен Клајн, физичар и директор на француската Комисија за алтернативни енергии и атомска енергија, сподели слика од традиционален шпански колбас на Твитер минатата недела, пофалувајќи го „нивото на детали“ што го дава.

„Слика на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Беше снимена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет“, објави тој на Твитер, каде има над 91.000 следбеници.

Објавата беше ретвитана и коментирана од илјадници корисници, кои веруваа дека навистина се работи за далечна ѕвезда.

Клајн подоцна признал дека сликата всушност била крупен кадар од парче колбас направено на црна позадина.

„Со оглед на одредени коментари, се чувствувам должен да наведам дека овој твит, кој покажува наводна слика на Проксима Кентаури, е шега. Да научиме да бидеме внимателни со прифаќањето на аргументи со позиција на авторитети, како и кон спонтаната елоквенција на одредени слики“, напиша тој тој, а подоцна се извини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот