ФОТО | Фоторепортерите се „тепаа“ да го фотографираат Роналдо на клупата

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Репрезентацјата на Португалија вечерва беше убедлива против Швајцарија и лесно обезбеди пласман во четвртфиналето каде што ќе се сретне со Мароко.

Селекторот на Поругалија Фернандо Сантош изненади со тоа што го остави Роналдо на клупата за резерви. Португалскиот селектор му даде предност на Гонзало Рамош кој беше одличен и постигна хет-трик. Роналдо во игра влезе во 73. минута.

Меѓутоа пред почетокот на натпреварот додека се интонираа химните видовме ситуација каква што не се памети на Светските првенства. Додека се интонираа химните веројатно сите фоторепотери се „тепаа“ да го фотографираат Роналдо на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот