ФОТО | Филмски грабеж на обложувалница во Скопје: И се закани со пиштол и ја принуди да легне на подот

На социјалните мрежи денеска кружеше видео-снимка од двајца разбојници кои се бараат откако вооружени ограбиле обложувалница во Скопје.

На видео снимката, која набргу по објавувањето на Твитер беше избришана, во еден момент разбојникот на вработената и вели да легне на земја по што таа го прави тоа.

Не е потврдено, но најверојатно станува збор за грабеж кој МВР го објави во полицискиот билтен, кога на 08.11.2020 во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Орце Николов“ две лица со закана одзеле пари.

Од МВР известија дека се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот