ФОТО | Филиповски во еко-акција: Уредувањето на јавниот простор во Аеродром е наш приоритет

Александар Филиповски еко-акција
Тие ја посетија населбата Ново Лисиче, каде што уредија јавен простор во близина на Спомен – паркот на нашата музичка легенда Тоше Проески / Фото: Фејсбук, Александар Филиповски

Со садење ново зеленило и украсни растенија денеска продолжија активностите на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром на СДСМ и коалицијата и кандидатите за советници.

Тие ја посетија населбата Ново Лисиче, каде што уредија јавен простор во близина на Спомен – паркот на нашата музичка легенда Тоше Проески.

– Преку оваа еко – акција покажуваме како ќе работиме во следните четири години. Садењето на нови дрвја и уредувањето на јавниот простор се нашите приоритети. Аеродром е општина која е позната по маалските паркови, тоа се површините меѓу зградите, каде што граѓаните често се рекреираат и меѓусебно се дружат. Овие простори дополнително ќе ги раззелениме и ќе поставиме системи за наводнување, со цел функционален зелен простор и вистински маалски соживот, изјави Филиповски.

Фото: Фејсбук, Александар Филиповски

Тој посочи дека локалната самоуправа континуирано ќе организира вакви акции за раззеленување или за чистење, на кои ќе бидат вклучени администрацијата, но и младите од основните училишта, заинтересирани претставници на приватниот сектор и граѓанските организации. Основната цел е подигнување на јавната свест кај сите локални чинители.

Филиповски истакна дека зелената агенда е на прво место во програмата на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Аеродром”.

Тој најави дека во претстојните четири години во општина Аеродром ќе бидат засадени повеќе од 5.000 дрвја.

– Исто така, предвидено е и затворање на Усјанскиот канал, со што ќе се реши голем еколошки проблем за лисичани. За граѓаните од Долно и Горно Лисиче ќе се доделуваат и субвенции за замена на нееколошките начини на загревање, потенцира Филиповски.

Фото: Фејсбук, Александар Филиповски

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот